Актуелно 07.10.2019 15:21

ВМРО-ДПМНЕ: Испаѓањето од употреба на блок 1 во „РЕК Битола“ се должи на партизацијата на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Испаѓањето од употреба на блок 1 во „РЕК Битола“ се должи на партизацијата на СДСМ

Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена. Три дена надвор од употреба е блокот 1 во РЕК Битола, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Испаѓањето од употреба на блокот 1 се должи на партизацијата на СДСМ на РЕК Битола. Оваа власт ги премести долгогодишните професионалци кои менаџираа со блокот и на нивно место донесе партиски војници кои ја немаат потребната стручност за да управуваат со блокот. Само исклучувањето и вклучувањето на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 200.000 евра, дополнително со секој ден не работа имаме 240.000 евра штета, се додава во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека поради аматеризмот на власта блокот 1 десетици пати испаѓа од употреба откако СДСМ е на власт. Штетите по државата се огромни.