Актуелно 26.05.2020 13:54

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик?

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во продолжение:

Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик?

Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?

За само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед

Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија.

Заев не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.