Актуелно 10.11.2018 16:25

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10%

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10%

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија секој месец ќе поднесува по едно законско решение кое ќе биде за добро на граѓаните. Безидејноста на СДСМ ги дотера граѓаните до питачки стап, истакна на денешната прес-конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.

-Првото законско решение кое ќе го поднесе ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието е покачување на пензиите на пензионерите за 10%. Доколку СДСМ е чесна во намерите секој еден пензионер ќе има 10% повисока пензија. Доколку на СДСМ им се важни граѓаните и нивниот живот да стане подобар, ќе го прифати ова решение и ќе го изгласа во Собранието, нагласи Арсовски.

Тој посочи дека во услови кога оваа власт ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цинами на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија.