Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД не се подготви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена.
-Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар. Медицинскиот персонал не е целосно обучен, иако можеше да се примени систем на ротација, тоа не се направи. Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и КОВИД влијае фатално за лицата со хроничнк болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.