Актуелно 17.12.2019 14:22

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија со СДСМ се соочува со тренд на дезинвестиции

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија со СДСМ се соочува со тренд на дезинвестиции

Македонската економија веќе втора години додека СДСМ е на власт се соочува со тренд на дезинвестиции што практично го намалува производниот и извозниот потенцијал на земјата. Тоа се разбира предизвикува забавување на економскиот раст, помалку вработувања, пониски плати и животен стандард.

Имено, во 2018 година јавните и приватните инвестиции бележат негативни стапки. Јавните инвестиции (капитални инвестиции од буџетот, инвестиции на општините и јавните претпријатија) се намалиле за 17% (од 496 милиони евра на 412 милиони евра) или за цели 84 милиони евра, додека домашните приватни инвестици се намалиле за 31% (од 1.583 милиони ерва на 1.091 милиони евра) или за цели 492 милиони евра.

Дополнително, приливот на СДИ во 2019 година бележат историски најниско ниво и заклучно третиот квартал изнесуваат само 113 милиони евра.

Ова се резултатите од економската политика на оваа неспособна Влада предводена од Заев кои ја води македонската економија во провалија. Граѓаните ги прочитаа и знаат дека со популистички мерки не може да ги манипулираат предизборно.

Крајниот резултат ќе биде жестока казна на 12 Април! Македонската економија мора да се обнови, а ВМРО-ДМПНЕ знае како да ја направи економски лидер на Балканот.