Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Неготино на прес конференција денеска се осврна и го критикуваше едно годишното владеење на СДСМ.
Помина една година од мандатот на градоначалникот Тони Делков и советот од СДСМ во Неготино. Помина една година од ветувањата за живот во нашиот град, сведоци сме на низата ветувања од страна на градоначалникот во неговата изборна кампања, ветувања дека работата ќе ја извршува чесно, договорно и транспарентно, ова денеска преку пресконференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино.
-Најавени беа повеќе капитални проекти од кои, обновување на патна и комунална инфраструктура, обезбедување на чиста и здрава вода за пиење, редовно чистење на депонијата, каналските и колекторските системи, зголемување на капацитетите на комуналец Неготино, обезбедување услови за привлекување странски инвестиции, активирање на породилниот дом, реформи во јавната администрација, а од горенаведените проекти нема реализирано ништо, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино.
Од таму додаваат дека проектите кои беа почнати во минатото беа блокирани, а ветените проекти беа само предизборна измама за граѓаните.