Актуелно 25.03.2019 14:42

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид и Константин Георгиески

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид и Константин Георгиески

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ова денеска преку прес-конференција го истакнаа од ВМР-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција? Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема? Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид прашуваат и дали изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?

-Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци? Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел? На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа? Оваа власт на СДСМ мора да си замине, за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.