Актуелно 17.09.2020 11:52

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност. Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава, велат од партијата.

-Зоран Заев треба да понесе одговорност сто повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза. Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.