Намерата на власта да спроведе попис без почитување на европските стандарди и според методологија на Заев е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку политичко-пазарџиска операција, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа во скратена постапка, без претходна јасна методологија носат закон за попис кој нема општествен консензус. Дополнително тоа што истиот попис е врзан со врзан потпис, говори дека се подготвува фалсификат од кој нема да има корист никој, а најмалку Македонија. Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати, истакнуваат од опозицијата.
Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис, додаваат од таму.