Актуелно 17.04.2019 11:16

ВМРО-ДПМНЕ: Постои сомнение дека со парите од ограбената банка ќе се купуваат гласови

ВМРО-ДПМНЕ: Постои сомнение дека со парите од ограбената банка ќе се купуваат гласови

Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат. Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150.000 евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Дали со ваквото непостапување, Спасовски всушност ги крие разбојниците?

-Постои основано сомнение во јавноста дека овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови. Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен допринесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие. Граѓаните сакаат право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.