Актуелно 05.05.2019 18:06

ВМРО-ДПМНЕ повикува: Победата е на прагот, сега е времето кога вашиот глас одлучува

ВМРО-ДПМНЕ повикува: Победата е на прагот, сега е времето кога вашиот глас одлучува

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот Фејсбук профил вели дека добро е што на овие претседателски избори цензусот ќе биде исполнет.

-Добро е што на овие избори цензусот ќе е исполнет. Народот свесно и со желба за промени и правда излегува и гласа. Останува запишано дека покрај сите притисоци, закани, нерегуларности, народот излегува, народот доаѓа по своето и со сигурност ќе ја порази оваа власт. Колку тие притискаат, толку повеќе народот се спротивставува. Повикувам секој еден човек да излезе и гласа, да покажеме масовност. Да се одбере правда, овој пат се работи за нашата Татковина, за нашата Македонија, за иднината и новата реалност во кои оваа власт ќе биде делегитимирана. Ајде да им покажеме дека Македонија е горда, достоинствена, со кренета глава. Победата е на прагот. Сега е времето кога вашиот глас одлучува, сега е времето кога треба да кажеме доста е, Македонија заслужува многу повеќе и многу подобро. Одлучуваш за Македонија, за твојата иднина, стои во неговиот пост на Фејсбук.