Актуелно 14.10.2020 11:51

ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на мафијашката власт се дебакл- скоро 20 пати помалку вратени пари со Викенд на ДДВ и 800 починати од корона

ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на мафијашката власт се дебакл- скоро 20 пати помалку вратени пари со Викенд на ДДВ и 800 починати од корона

Мерките и политиките на мафијата на власт доживуваат дебакл. Последен во низата промашени мерки е и мерката Викенд без ДДВ кој е целосно промашување. Наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра ќе се реализира само 1 милион евра. Тоа покажува дека мерката не беше доволно добро обмислена и избрзана, но истовремено покажува дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека впрочем Македонија, како што велат, со оваа мафија на власт тоне од ден во ден.

-Поради промашените политики Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7%, бројот на невработени се зголеми за над 40 илјади нови лица, а долгот за само три месеци се зголеми за една милијарда евра. Неуспех до неуспех. Уште полоша е состојбата и на здравствен план во поглед на справувањето на државата со пандемијата. Македонија е црна точка, рекордер по смртност од корона вирусот. Секој ден бројките на заразени расте и веќе е очигледно дека е излезена од контрола. Процентот на заразени од тестирани во континуитет веќе извесен период е двоцифрен и вкупниот број на заразени достигна 21.193 лица и за жал 800 починати. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење, се наведува во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.