Актуелно 09.04.2020 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ создаде рекордна буџетска дупка за поткуп пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ создаде рекордна буџетска дупка за поткуп пред избори

Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем. Причината за ваквата катастрофална економска состојба е неспособноста, неодговорниоста и расипничкото трошење на власта. Изминатите три години кога светската економија доживуваше ренесанса, додека сите наши соседи имаат стабилен и висок раст на БДП, Владата на СДСМ се занимаваше со криминални тендери и грантови, рекет и бараше начин како државните пари да завршата во партиската каса и џебовите на партиските послушници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Резултатот на тригодишното делување на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е денешната економска состојба, во која економијата за која тој тврдеше пред само два месеци дека блеска сега да колабира пред првата препрека, односно кризата поврзана со светската пандемија на коронавирусот. Пред избори Владата на СДСМ неконтролирано ги трошеше парите на граѓаните за поткуп на гласачи, со единствена цел останување на власта. Буџетскиот дефицит за првите два месеци од 2020 година поради неконтролираното предизборно трошење изнесуваше 25 проценти од планираниот годишен буџетски дефицит. На овој начин Владата на СДСМ создаде рекордна буџетска дупка за поткуп пред избори која сега според личното тврдење на Зоран Заев може да гостигне и до 2 милијарди евра, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваат дека потребни се итни мерки за спас на македонското стопанство и работните места на граѓаните.

-Трговската размена во февруари 2020 година споредбено со лани бележи пад од 1,9 проценти, податок кој требаше на Илинденска б.б. да ја запали црвената светилка и да укаже дека следува економска криза. Факт е дека Република Македонија за прв пат во последните 5 години бележи пад на извозот во февруари споредбено со истиот месец претходната година. Послушниците на Заев по кој знае кој пат докажаа дека удобните фотелји и партијата им се поважни од државата. Потребни се итни мерки за спас на македонското стопанство и работните места на граѓаните, во ова време невреме не смее да дозволиме ниту еден граѓани да остане без приход, велат тие.