Актуелно 16.07.2019 18:55

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е глава на криминалниот октопод

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е глава на криминалниот октопод

Зоран Заев е промотор и заштитник на криминалот. Зоран Заев е глава на октоподот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствениот три пати аболициран политичар во Европа до вчера ја форсираше и штитеше Катица Јанева која ги извршуваше неговите нарачки за пресметка до неистомислениците. Очекуваме истрагата да утврди дали Зоран Заев учествувал во таргетирањето, рекетирањето и прикривањето на изнудите врз бизнисмените и колкав процент од рекетот има земено. Дали е ова причината што се крие идентитетот на Кики и Фрики и истите во моментов се изземени од истрагата? Што знаат Кики и Фрики за криминалите на Заев па тој не сака да ги открие своите високи функционери и соработници. Ако постои правна држава ќе се докаже вмешаноста на врхушката на СДСМ во скандалот што ја потресе Република Македонија. Обвинителството доколку не е во рацете на власта ќе постапи во името на правото и правдата. Самите материјали кои ги поседува обвинителството ќе дадат одговор кои се се замешани во оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на реформите  бидејќи реформите се важни за Република Македонија. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на предвремени парламентарни избори во име на демократијата и во име на правдата, се вели во партиската реакција.

Време е да се стави крај на вакви корумпирани луѓе за да можеме да продолжиме да се градиме како држава која ќе нуди иднина за секој граѓанин, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.