Живот 02.07.2018 11:53

Внимателно одберете ги зборовите кои ги кажувате на состанок

Внимателно одберете ги зборовите кои ги кажувате на состанок

Една погрешна реченица може да ја уништи цела атмосфера на состанокот. Затоа, внимателно одбирајте ги зборовите и речениците што ги користите.
Прочитајте во продолжение, што никако не смеете да кажете.
“Не си во право…“
Слободно изнесете ваша идеја и кажете го вашето мислење, но никогаш не му кажувајте на никој од вашите колеги дека не е во право. Само затоа што не ви се совпаѓаат мислењата, не значи дека вие сте во право, а тој/таа не.
“Разбирам што зборуваш, но…“
Ако некому на состанок му кажете дека го разбирате во првиот дел од реченицата, а во вториот комплетно не се сложувате со него, ова ќе води кон расправија. Затоа, пронајдете нешто во што се согласувате со вашиот колега/колешка и потенцирајте го тоа.
“Никој овде не се сложува со тебе…“
Кога станува збор за бизнис релации, многу е погрешно да донесете заклучок дека некој не е во право, само затоа што останатите не се сложуваат со него. Затоа слушајте внимателно и потрудете се да пронајдете заеднички јазик и поддржете го барем во некој аспект од она што го зборува.
“Шефот не се сложува со тебе…“
Ова е најлошото нешто што може да го кажете и ова ќе ве направи да изгледате како да немате други аргументи.
“Смешен/на си…“
Ако не се согласувате со нечија идеја, не значи дека треба да го потценувате и исмејувате интелектот на другата личност. Фокусирајте се на деталите и дискутирајте за нив, наместо да навредувате некого.