Актуелно 14.02.2021 11:51

Во 2006 година на Попова Шапка се измерени најмногу сантиметри снег- еве колку

Во 2006 година на Попова Шапка се измерени најмногу сантиметри снег- еве колку

Утрово снег најмногу 65 сантиметри има на Попова Шапка, 38 Маврови Анови, 36 Крушево, 33 Битола, Дебар, 32 Пожаране, 25 Тополчани, 24 Штип, 23 Претор, 22 Охрид, Тетово, Прилеп, Гостивар, 20 Берово, 19 Демир Капија, 17 Крива Паланка, 16 Ѓуриште, 11 Струмица, 9 Куманово, 7 Скопје Зајчев Рид.

УХМР најмногу врнежи регисрирал 37 литри на метар квадрате во Дебар, 31 Маврови Анови, 25 Претор, 22 Крушево, 19 Тетово, 18 Битола, 16 Д.Капија, 14 Охрид, 10 Берово, 9 Струмица, 6 Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Куманово.

Највисока снежна покривка во Македонија е забележана во 2006 година на Попова Шапка од 215 сантиметри.

Во текот на денот не очекува облачно и многу студено со врнежи од снег и умерен ветер претежно од северозападен правец. Врнежи од снег ќе има особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје времето облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.