Мозаик 23.07.2018 17:01

Во август три неработни денови

Во август три неработни денови

Во текот на идниот месец според Законот за празниците имаме 3 неработни денови. Првиот неработен ден е 2-ри август, Денот на Републиката и важи за сите граѓани на Република Македонија.

На две и пол недели од тогаш, доаѓа уште еден неработен ден – 21 август кога верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат празникот Курбан Бајрам. Неработниот ден важи само за верниците од муслиманска вероисповед.

Третиот неработен ден е на 28 август во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица и истиот е неработен за граѓани од православна вероисповед.

Најнови вести