Актуелно 16.09.2020 11:45

ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА НИКАКВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО: За осум месеци искористени само 24 проценти од парите за болници и амбуланти

ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА НИКАКВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО: За осум месеци искористени само 24 проценти од парите за болници и амбуланти

Се повеќе од јасно е дека коронавирусот уште долго ќе владее со светот, но и со Македонија која е на врвот по рушење на рекорди на новозаразени и починати лица во регионот.

Според најновите информации Министерството за здравство на чело со Венко Филипче во ек на пандемија искористило само 24 проценти од парите предвидени за болници и амбуланти.

И додека министерот за здравство Филипче и целата власт не знае да се справи со вирусот парите не се користат ниту за градење на болници и амбуланти.

Иако Заев и Филипче најавуваа инвестициски бум во здравството, јавноста е сведок на ниту една изградена болница или пак амбуланта во долгогодишното владеење на СДСМ.

Напротив граѓаните секојдневно јавно говорат за катастрофалната слика во амбулантите и болниците воопшто.

Инаку во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 50
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 5
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 4
-Охрид 2
-Гостивар 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Делчево 2
-Кичево 1

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

Ова е уште еден доказ дека Филипче не само што не знае да се справи со вирусот, туку и го носи здравството во бездна.