Економија 31.07.2024 14:44

Во Европа рекорден број на измами поврзани со маслиновото масло

Во Европа рекорден број на измами поврзани со маслиновото масло

Во Европската унија бројот на случаи на измама и погрешно означување на маслиново масло достигна рекордно ниво, а само во првите три месеци од годинава се евидентирани 50 случаи.

Се претпоставува дека тоа е предизвикано од зголемувањето на трошоците за производство, но и од падот на нивото на производство предизвикано од климатские промени, што доведе до појава на паралелен пазар, пишува Гардијан.

Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена од 2018 година, при што производството е погодено од екстремните временски услови предизвикани од климатската криза и други фактори.

Како што се зголемува цената, така се зголемува и бројот на погрешни ознаки, потенцијални измами и безбедносни инциденти кои вклучуваат контаминирани масла.

Во првиот квартал од 2018 година ЕУ забележала само 15 вакви случаи, додека во истиот период годинава има трикратно зголемување.

Но, овие слчаи се само оние кои земјите-членки ги откриле и пријавиле во Генералниот директорат за здравство на ЕУ, а во тој број не се вклучени домашните случаи, па се претпоставува дека бројот на измами е значително поголем.

Извештаите за инциденти вклучуваат масла загадени со нелегални супстанции како што се пестициди, минерални масла и еден случај кога биле откриени фрагменти од стакло.

Имаше и многу случаи каде екстра девственото маслиново масло е оценето како фалсификувани, на пример со мешање со масла со помал или поевтин квалитет, случаи кога девственоо маслинов масло е означено како екстра девствено и неколку случаи на неправилно или лажно означување на потеклото.

Како еден пример, весникот ја наведува Германија, каде што во февруари имаше случај на масло од Израел чиј квалитет се сметаше за несоодветен за човечка исхрана без дополнително рафинирање, а се продаваше како „екстра девствено маслиново масло“.

ЕУ во јули 2022 година воведе нови правила за проверка на усогласеноста на маркетиншките стандарди за маслиново масло, како и методи за негова анализа.

„Годишниот поголем пријавен број на известувања е доа за подобра размена на надлежните органи на земјите-членки и нивната внимателност против измами во земјоделскиот синџир. Комисијата има нулта толеранција за измама. Со цел да се обезбеди квалитетно маслиново масло за потрошувачите во ЕУ, Комисијата организира годишни работилници и ја охрабрува соработката меѓу земјите на ЕУ за да се осигура дека овие проверки се правилно извршени и да се обезбеди размена на релевантни информации за оние кои работат на маслиново масло“, рече портпаролот на Европската комисија.

Крис Елиот, професор п безбедност на хан на Универзитетот Квин Белфаст, рече дека иако последиците од конзумирање на контаминирано маслиново масло може да бидат сериозни, тоа е малку веројатно да се појави на полиците на големите супермаркети.

„Повеќето луѓе кои изневеруваат веројатно ќе го сторат тоа во области без надзор. Малите бизниси или услугите за храна се поподложни на измами“, рече тој.

Според Гардијан, глобалното затоплување предизвика пад на производството на маслиново масло во последните години, при што посевите во Шпанија, кои произведуваа повеќе од половина од светското маслиново масло во 2018-19 година, беа погодени од суша и топлотни бранови од над 40 степени Целзиусови.

Привремените податоци од Меѓународниот совет за маслинки покажуваат дека се очекува глобалното производство да падне на 2,4 милиони тони во 2023-2024 година, што е намалување за 27 отсто од 2018-19 година и под проектираните нивоа од 2,6 милиони тони потрошувачка.

Тоа влијаеше на поскапувањето на маслиновото масло, па така 100 литри екстра девствено маслиново масло од Хаен во Шпанија во ноември минатата година чинеле 787 евра, наспроти 262,50 евра пред пет години.