Во Германија во третиот квартал од оваа година со 1,24 милиони работни места е забележан рекорден недостиг на работна сила, според Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).
„Во споредба со истиот период од претходната година, бројот на слободни работни места е зголемен за 140 000″, се вели во соопштението на ИАБ, кој работи во соработка со Федералната агенција за вработување на Нирнберг.
„Најголем пораст во побарувачката е забележан во областа на преработувачката индустрија, но побарувачката во секторот на услуги со повеќе од 600 000 работни места сè уште е најголема”, вели Александар Кубис од ИАБ.
Во градежништвото се отворени 108 000 работни места, а 87 000 во логистичкиот сектор (транспорт и складиште).
Најголемиот број слободни работни места се однесува на средно и вишо образование (60,8%), по што следуваат оние без квалификации (22%) и, конечно, луѓето со високо образование (17%).
Германскиот пазар на труд веќе со години има недостиг од работна сила со зголемувањето на бројот на пензионерите, што се обидуваат да го компензираат со увоз на работна сила.