Економија 28.06.2018 15:35

Во Германија од 2019 година загарантирана плата од 9,19 евра за час

Во Германија од 2019 година загарантирана плата од 9,19 евра за час

Германија треба да ја зголеми минималната плата следната година на 9,19 евра за час, а потоа на 9,35 евра во 2020 година, препорача комисија назначена од владата во Берлин. Со потегот се отвора пат за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија.

Владата на канцеларката Ангела Меркел во 2015 година воведе минимална заработувачка од 8,50 евра на час, што опфати повеќе од три милиони работници.

Последниот нејзин износ е зголемен во текот на минатата година, исто така по препораката на комисијата, на 8,84 евра за час.

Актуелниот препорачан износ е утврден со користење сложена формула, којашто се однесува и на просечното зголемување на платите во Германија за 4,8 проценти во текот на изминатите две години. Зголемувањето на минималната плата во 2019 година би изнесувало околу четири проценти.

(Миа)