На паркинг просторот во центарот на Гевгелија, ЕВН го постави првиот полнач за електрични автомобили кој овозможува истовремено полнење на два автомобила.
Независно од фактот што моментно во градот и околината нема многу хибридни автомобили, мопеди и инвалидски колички кои се напојуваат со струја, од ЕВН сметаат дека економските и незагадувачките ефекти од овие типови возила допрва ќе се препознаваат, а нивниот број во блиска иднина брзо ќе расте.
Електричниот полнач овозможува, на пример, со дополнување на батеријата во времетраење од половина час, автомобилот да помине околу 50 километри што е приближно на растојанието меѓу Гевгелија и Демир Капија.
Со оваа донација, од ЕВН сметаат дека ќе се подигне свеста за еколошките придобивки од користење на електрични возила и заштитата на животната средина.