– Полицијата во Костарика откри и конфискува два тона кокаин скриени во четири ниско буџетни чамци, 80 наутички милји од брегот. Во акцијата уапсени се
тројца мажи. Акцијата е преземена во Пацификот по дојава на американската Крајбрежна стража и е една од најголемите заплени на кокаин на море.
Откриени се околу 2.000 пакети со по еден килограм кокаин. Дрогата била превезувана со четири моторни чамци познати како ниско буџетни пловни објекти кои најчесто ги користат кријумчарите на дрога бидејќи тешко се забележуваат на радар. Министерот за безбедност на Костарика, Михаел Сото изјави дека годинава се запленети 17 тони наркотици, а во изминатите 10 дена конфискувани се вкупно 6,7 тони. Од јужноамериканските држави, Колумбија и понатаму е една од најголемите светски производители на кокаин. Во Колумбија годишно се произведува околу 910 тони