Актуелно 29.11.2018 11:55

Во Македонија дури една четвртина од населението живее во сиромаштија

Во Македонија дури една четвртина од населението живее во сиромаштија

Очајно поразителни се податоците на ДЗС за минатата година, според кои дури една четвртина од граѓаните на земјава живеат во сиромаштија, односно со помалку од 7.000 денари, месечен приход. За годинава нема нови податоци, но според Македонската платформа за борба против сиромаштијата, реални се стравувањата дека тој процент можно е да е и поголем, бидејќи во оваа категорија не биле ставени граѓаните кои имаат нешто повисоки примања од претходно споменатите, а кои исто така, живеат на работ од егзистенцијата. Од тие причини, а и заради алармантноста на ситуацијата, се инсистира на итна интервенција од државата за спроведување на 17-те глобални цели за одржлив развој утврдени од ОН на светско ниво.

Она на што, во моментов најмногу се посветени од Фондот за население на ОН, велат дека е обезбедувањето на квалитетна база на податоци преку која би се дознале релевантните причини зошто некои граѓани живеат во крајна сиромаштија, како и поврзаноста на ризик факторите кои доведуваат до неа.

Според Државниот завод за статистика процентот на сиромаштија во 2017 година изнесува огромни 22,2 отсто што значи имаме зголемување за 0,3 отсто од 2016 година кога стапката на сиромаштија изнесувала 21,9 отсто. Според експертите, ова е една од најголемите стапки на сиромаштија како во регионот, така и во Европа.