Економија 28.06.2018 11:43

Во Македонија минатата година регистрирани нови 762 дивоградби

Државниот завод за статистика денес објави дека на територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти

Во земјата најголем број бесправно изградени објекти (99,5 проценти) се во приватна сопственост, односно бесправно се изградени 138 објекти за домување (18,1  процент), 122 доградби, надградби и адаптации (16 проценти), 78 деловни објекти (10,2 проценти). Нелегално биле изградени и 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила (1,3 проценти), 15 тераси, 24 летни тераси, 65 настрешници, 34 времени објекти  и 95 помошни објекти.

Во скопските општини во однос на бројот на дивоградби предничи Карпош со 39, по која следат Бутел со 37, Центар со 23, Аеродром 13, Гази Баба 12, а во останатите општини, во Охрид има 68 нелегално изградени објекти, во Струмица 53,  Куманово има  44 нови дивоградби, Велес 36 дивоградби и во Битола 21.

Надлежните институции во 2016 година регистрираа 1.037 бесправно изградени објекти, од кои 203 за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 168 огради и 111 деловни објекти.