Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 576.974 мегават часови електрична енергија, 22,692 милиони нормални кубни метри природен гас, 454.378 тони јаглен и 81.059 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 79 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.