Актуелно 14.02.2019 20:01

Во моментов на „8-ми септември“ ги има сите потребни крвни групи

Во моментов на „8-ми септември“ ги има сите потребни крвни групи

Нема потреба од дополнителни единици крв во болницата „8-ми септември“.

„Во моментов ги имаме сите потребни крвни групи и немаме потреба од некоја крвна група“, изјави директорот на болницата „8-ми септември“ – Христијан Костов.

Директорот додава дека имаат одлична соработка со Институтот за Трансфузиологија.