Актуелно 13.12.2023 08:25

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава

Во земјава во октомври годинава се евидентирани 94 165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187 272, од кои 36.7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските за 23.5 %. ()