Економија,Живот 04.06.2018 15:19

Во овие сектори фалат најмногу работници

Во овие сектори фалат најмногу работници

8331  слободни работни места имало во првото тримесечие годинава.

Според податоците на Државниот завод за статистика најмногу работници фалеле во  услужните дејности и продажба.

Најбарани работници во пелагонискиот регион.

Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 процент. Највисока стапка на слободни работни места има секторот  Административни и помошни услужни дејности 4,25 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,20 отсто.

Најмногу работници се барале во деловните субјекти со број на вработени од три  до девет, каде стапката на слободни работни места изнесувала 1,91 отсто. Стапката на слободни работни места во пелагонискиот регион изнесува 3,15 проценти. Но според бројката најмногу слободни работни места имало во скопскиот 4.137.

Според објавените податоци во групата рааботници во услужни дејности – продажба имало 2.929 слободни работни места.