Турската влада ќе претстави мерки за помош на банките за справување со очекуваната акумулација на лоши кредити како резултат на депресијацијата на лирата и растот на каматните стапки, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.
Планот има за цел да ја ублажи потребата од капитални инјекции и ќе предложи отцепување на надзорните кредити во државната структура, според истите извори, кои посакале анонимност. Планот најверојатно ќе биде објавен во четврток.
Акциите на турските банки се зголемија по објавувањето на вестите. Дури и пред да се појави валутната криза во август, турските банки се обидуваа да ги зголемат реструктуираните заеми. Лирата поевтини за околу 40% во однос на доларот од почетокот на годината, израмнувајќи се со аргентинскиот пезос, како валути со најлоши перформанси. Ова влијае на способноста на турските компании да ги сервисираат своите девизни кредити.
Мерките беа дискутирани во серијата состаноци помеѓу менаџерите на банките и високите владини претставници. Во четвртокот министерот за финансии Берат Албајрак се очекува да ја претстави среднорочната економска програма со фискални и макроекономски цели за наредните три години, како помош за банките, која исто така ќе биде донесена тогаш, според изворите на „Bloomberg“.
Истанбулскиот берзански индекс се намали за 2,6% на 1,7 малку порано денес.
Поевтинувањето на лирата беше поттикнато од санкциите наметнати од САД, на двајца турски министри поради приведувањето на американски проповедник и се продлабочи откако претседателот на САД наложи царина за дел од турскиот увоз. Ова предизвика загриженост за неконвенционалните економски гледишта на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговото противење на зголемувањето на каматните стапки.
Минатата недела Централната банка на Турција го игнорираше Ердоган и ја крена основната каматна стапка со повеќе од очекуваното до 24%, иако валута се уште се тргува на нивоа под оние од јули.