Економија 04.12.2023 14:33

Во Србија производството на полиетиленски кеси е зголемено за 15 отсто

Во Србија производството на полиетиленски кеси е зголемено за 15 отсто

Додека индустриското производство во Србија за деветте месеци од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година бележи благ пораст, сите гранки опфатени со хемиската индустрија забележаа благо намалување на производството, како и целата преработувачка индустрија.

За девет месеци од 2023 година во однос на просекот од девет месеци во 2022 година, раст од 15 отсто бележи производството на полиетиленски кеси, а произведени се 34,7 тони фолии, филмови и кеси, соопштија од Стопанската комора на Србија, пренесува Пословни дневник. Кога станува збор за пластичните производи за транспорт и пакување, за деветте месеци од 2023 година е забележан вишок од 18 милиони евра.

Извезени се вкупно 179 милиони евра и 58.751 тони, а увезени се 161 милион евра и 40.748 тони. Србија извезува најмногу во земјите од регионот, како што се Германија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Италија, Чешка, Хрватска, Романија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Полска, Северна Македонија.

()