Актуелно 28.05.2020 12:19

Во Србија стартува голема јужно корејска инвестиција, а македонската економија тоне

Во Србија стартува голема јужно корејска инвестиција, а македонската економија тоне

Србија станува лидер во регионот по привлекување на странски нвестиции. И ако Македонија во минатото важеше за една од земјите на Балканот која е пионер во и во  стратегија и привлекување на странски капитал тоа за жал е веќе само една дамнешна реалност.

 

Така во Србија како што и објави српскиот весник РТС започна изградбата на фабриката „Kјунгушн кабел“

Во Смедеревска Паланка започна изградбата на идната фабрика на компанијата „Кјунгшн кабел“, фабрика на Јужна Кореја за производство на делови за автомобили. Претседателот Александар Вучиќ се заблагодари на јужнокорејската компанија што избра Србија да ја гради својата фабрика  затоа што, како што рече тој ,  секаде каде што се појавува корејски инвеститор, може да се види огромен напредок на земјата.

Претседателот на Србија  Вучиќ рече дека новата фабрика ќе биде готова за само шест месеци и ќе вработи најмалку 700 луѓе, како и дека инвестицијата вреди 20 милиони евра

И додека соседните земји напредуваат и отвораат нови работни места прашањето е каде е насочено кормилото на Македонија во поглед на економијата и секако странските инвестиции кои се очајно ниски во последните години.

 

Интересен факт е дека во својот говор претседатеот Вучиќ им  се заблагодарил на инвеститорите што ја одбрале  Србија за земја во која ќе инвестираат, иако Турција, Бугарија и Албанија исто така биле во конкуренција додека Македонија воопшто не е ни спомната во оваа трка.

Инаку,  сега поранешниот премиер Заев на чело со неговата влада ветуваа огромен влез на странски капитал и тоа спомнувани беа компании од типот на Google и Facebook но ништо од ова не се случи. Според сите информации Македонија веќе не влегува ни во широк круг на земји кои се разгеледувани како потенцијални земји за инвестирање од странските инвеститори а за тоа говори и фактот дека ниту една поголема компанија нема влезено во земјава да инвестира.

Според  аналитичарите Македонија сериозно го изгуби реномето и угедот кај странските ивеститори како земја која нуди добри услови за инвестирање и од земја со висок рејтинг и најголем број странски инвестиции по глава на жител во минатите години сега е земја на дното во споредба со соседните држави.