Актуелно 09.10.2018 16:32

Во Топ-100 најуспешни компании во Југоисточна Европа само една од Македонија и таа е странски инвеститор

Во Топ-100 најуспешни компании во Југоисточна Европа само една од Македонија и таа е странски инвеститор

Џонсон Мети е единствената компанија од Македонија која се најде во Топ-100 најуспешни компании во Југоисточна европа во 2017-та според добивката.

Во извештајот на SeeNews се опфатени капацитети од Словенија, Романија, Хрватска, Србија, БИХ, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово.

Џонсон Мети е на одличното 19-то место, иако лани бил на 17-та позиција. Се работи за добивка од 1 485 евра и произведувачот на катализатори е подобар на ова поле за 10,34 отсто во однос на една година претходно. Добивката е 96,8 милиони евра и падната е во однос на 2016-та кога таа била 121,3 милиони.

Убедливо на прво место е Дачија од Романија со добивка од над пет милијарди евра лани.

Албанија, Црна Гора, Молдавија и Косово немаат компанија на листата.

Најнови вести