Инфлацијата во Венецуела достигна толку високо ниво што доведе до уривање на берзата, според светските медиуми.
Регулаторите мора да најдат начин да “тргнат” три нули од цените на акциите на берзата, бидејќи компјутерите не можат да го издржат растот на вредностите на локалниот капитал.
Владата ќе мора да го започне процесот на деноминација на Боливарците еден месец порано отколку што објави.
Венецуела има највисока стапка на инфлација во светот со годишна стапка од 15,57 отсто. Денес, месечната стапка на инфлација изнесува 167 отсто, поради што оваа латиноамериканска земја е на листата на најголеми хиперинфлации во историјата.
Вредноста на нивната валута во однос на доларот падна речиси 100 проценти во последниве години, а индексот Каракас се зголеми само за 1,584 проценти оваа година.
Сепак, ваквиот раст нема никаква врска со довербата во венецуелските компании.