Актуелно 04.12.2019 15:34

Војна и мир: Како насилството ја нарушува глобалната економија

Војна и мир: Како насилството ја нарушува глобалната економија

Иако можеби не го гледате тоа, милиони животи се нарушени од насилство секој ден.

Војна, убиства, тероризам, самоубиство и сексуален напад можат да се најдат низ целиот свет во различни големини. Додека одредени видови насилство можат да резултираат со лични трауми, насилството може да создаде и значителни економски нарушувања.

Во денешниот графикон ги визуелизираме проценките на “Global Peace Index 2019” за глобалната цена од насилството и нејзиното географско ширење.

Како е поврзано насилството со економијата?

“The Global Peace Index” го пресметува вкупниот трошок од насилство користејќи го паритетот на куповната моќ (ППП) со разгледување на три фактори:

Директни трошоци: Непосредни последици врз жртвите, сторителите и владата
Индиректни трошоци: Одложени економски загуби по насилните настани, вклучително и последиците од траумата што ја доживеале жртвите
Повеќекратен ефект: Пресметува дополнителна економска активност што би се зголемила доколку се избегнат директните трошоци од насилство.

Помеѓу 2012-2017 година, цената на насилството се зголемило за 11% на 14,6 трилиони американски долари – главно поради зголемување на насилството во Сирија, Либија, Јемен и други делови на Блискиот исток и Северна Африка.

Во 2018 година, вкупните трошоци за насилство се намалиле за прв пат по шест години на 14,1 трилиони долари. Тоа е еквивалентно на 11,2% од глобалниот БДП (ППП), или 1.853 американски долари за секој човек.

За оваа година, заштедени се 475 милијарди американски долари од намалените трошоци за насилство, кој во најголем дел се должат на пониското ниво на вооружени судиро во Сирија, Украина и Колумбија.

Топ 10 најлошо погодени земји

Не е изненадувачки што земјите погодени од конфликт претрпуваат најголеми трошоци заради поголемиот број на жртви и значителните воени трошоци.

Еве ги земјите со најголеми трошоци од насилство според извештајот:

Од 2017 година, Венецуела се искачи на рангирањето и сега се наоѓа во топ 10, поради континуираната политичка репресија и спиралната економија како резултат ос хиперинфлацијата.

Владините трошоци за војската опфаќаат 40% од глобалниот вкупен износ или 5,7 трилиони американски долари.