Актуелно 17.12.2018 18:22

ВОЈНИК КОМЕНТИРАЛ НА ИНФОМАКС И ГО КАЗНИЛЕ СО 25 ПРОЦЕНТИ ОД ПЛАТА: Ниту демократија, ниту слобода на говор, Македонија се враќа во времето на едноумието

ВОЈНИК КОМЕНТИРАЛ НА ИНФОМАКС И ГО КАЗНИЛЕ СО 25 ПРОЦЕНТИ ОД ПЛАТА: Ниту демократија, ниту слобода на говор, Македонија се враќа во времето на едноумието

Македонија полека, но сигруно се враќа во времето на едноумието, времето на најмрачните денови од македонската историја, кога поради коментари против тогашната власт се завршувало во затвор, а граѓаните биле казнувани за своето мислење. Токму актуелната власт која е наследник на КПМ, СДСМ сега се користи со истите методи од комунизмот и ги деградира, казнува и прогонува сите оние кои не се согласуваат со политиките на власта.

Имено до нашата редакција пристигнаа документи од дисциплинска постапка кон воено лице, кое коментирало на Фејсбук на текст објавен на нашиот портал. Неговиот единствен грев бил несогласувањето со начинот на кои министерката Шекеринска раководи со министерството за одбрана.

Освен тоа што немаат соодветна храна, војската веќе со месеци бара обезбедување на соодветни услови за превоз, но и работни услови. Голем дел од касарните се без греење, а војниците немаат ниту соодветна опрема. Но сепак најголемиот скандал во историјата на државноста на Македонија поврзан со АРМ е веројатно фактот што министерството не ги плаќало придонесите за здравствено осигурување на вработените. Па поради таа причинапрофесионалните војници биле изложени на дополнителни трошоци за набавка на лекови, кои морале да ги набават „на приватно“.

Се работи за текстот насловен ,,Министерство за одбрана не платило здравствено осигурување, војниците гневни”, текст во кој нашиот портал обелодени дека министерството за одбрана не плаќало придонеси за вработените од кои дел е и АРМ. Откако војникот искоментирал на нашата објава на Фејсбук и ја критикувал министерката, тој добил предновогодишна честитка во облик на казна и кратење од 15 проценти од неговата плата во времетраење од 3 месеци и 10 проценти во времетраење од 2 месеци.

Застрашувачки е фактот што Министерството за одбрана прати што вработените коментираат на социјалните мрежи и кои портали ги следат. Уште по застрашувачки е фактот што министерството за одбрана се одлучува да ги казнува професионалните војници поради изразен став, поради сопствено мислење.