Економија 09.08.2024 11:28

Волстрит забележа најдобра дневна изведба од 2022-та

Волстрит забележа најдобра дневна изведба од 2022-та

На Волстрит во четвртокот индексите пораснаа благодарение на најновите податоци од пазарот на трудот, што ја намали загриженоста на инвеститорите за неговото забрзано слабеење и можна рецесија во САД.

Индексот Dow Jones скокна за 683 поени, или 1,76 отсто, на 39.446 поени во четвртокот. Во исто време, S&P 500 индексот порасна за 2,3 отсто, на 5.319 о, постигнувајќи го најголемиот дневен процентуален скок од ноември 2022 година, а индексот Nasdaq за 2,87 отсто, на 16.660 поени.

Расположението на берзата го поттикна информацијата од Министерството за труд на САД дека бројот на барања за надоместок за невработеност минатата седмица достигна 233.000, што е за 17.000 помалку од претходната седмица и помалку од очекувањата на аналитичарите.

Инвеститорите на Волстрит здивнаа, откако пазарот беше остро коригиран на почетокот од седмицата поради стравувањата од забрзано забавување на побарувачката за работници и најавите за можна рецесија во САД. Како резултат на тоа, индексот на волатилноста (VIX), мерка за стравот на инвеститорите на Волстрит, падна за 14,5 отсто во четвртокот.

„Од тие податоци читаме дека пазарот на трудот е сè уште добар, додека стравувањата од рецесија веројатно се малку претерани во овој момент“, вели Пол Нолте, пазарен стратег во „Murphy&Sylvest“.

Сезоната за објавување деловни резултати за вториот квартал полека се завршува, но инвеститорите сѐ уште будно ги следат достигнувањата на компаниите.

Меѓу најголемите добитници беше акцијата на „Elly Lilly“ откако производителот на лекови ги зголеми проценките за заработката за годината, а продажбата на популарниот лек за слабеење „Zepbound“ првпат надмина милијарда долари во еден квартал.

На европските берзи во четвртокот најважните индекси имаа мешани перформанси, па франкфуртски DAX порасна за 0,37 отсто, на 17.680 поени, додека лондонски Ftse ослабе за 0,27 отсто, на 8.144 bda, а париски CAC за 0,26 отсто, на 7,24 поени.