Актуелно 30.01.2019 12:25

Воз излета од пруга кај Велес- две лица повредени

Воз излета од пруга кај Велес- две лица повредени

Вчера околу 17.00 часот на делницата Скопје-Велес, пред Железничката станица Велес, товарен воз, управуван од машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозач Р.Б., поради одрон од карпи на железничкиот коловоз, излетал од пругата и локомотивата удрила во метални столбови од контактната мрежа.

Притоа, со повреди се здобиле машиновозачот и совозачот и биле пренесени во болницата во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.