Актуелно 01.01.2019 11:15

Возете со прилагодена брзина: Информации за состојбата на патиштата ширум Македонија

Возете со прилагодена брзина: Информации за состојбата на патиштата ширум Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, на осојничавите места коловозите се наместа влажни, а поради ниските температури во утринските часови постои можност од појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. (МИА