Мозаик 21.01.2019 17:23

Возете внимателно магла на дел од патиштата

Возете внимателно магла на дел од патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Смојмирово и Делчево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.