Актуелно 21.11.2018 16:24

Вработените на Охрис протестираат пред Влада си ги бараат изработените плати –Владата глува за нивните барања

Вработените на Охрис  протестираат пред Влада си ги бараат изработените плати –Владата глува за нивните барања

Вработените од Охис повторно излегоа на протест.   Како што кажуваат тие Владата не сака да им помогне. Случајот со Охис се провлекува долго време додека Владата постојано  одбива  да им излезе во пресрет на вработените кои како што  велат ги бараат парите кои што ги изработиле.

Денеска вработените имале средба со министрите Кочо Анѓушев и  Драган Тевдовски кои како што велат тие останале  глуви за нивната мака.

„Имаме 24 плати кои ги  должи државата на луѓево и придонесите да ни се платат. Изјавата на министрите беа односно на Анѓушев беше ќе го цитирам „-не сум јас султан овде и да делам пари“  “. – кажа еден од вработените во Охис.

Тие кажуваат дека платите кои им следуваат ги чекаат веќе десет години.