Актуелно 20.11.2018 13:05

Вработените во МЖ Транспорт бараат плата до четврток, од петок најавуваат престанок на работните обврски

Вработените во МЖ Транспорт бараат плата до четврток, од петок најавуваат престанок на работните обврски

Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите на Македонија, Синдикалната организација на вработнеите на подружница влеча на возови, Синдикалната организација СММ и Синдикалната организација на МЖ Транспорт АД Скопје се приклучуваат кон најавата за прекин на работните обврски доколку не се исполнат барањата за исплата на плата и материјални трошоци и здравствено осигурување.

Ваквата одлука, како што соопштуваат денеска, е донесена на состанок одржан вчера. Во соопштението наведуваат дека во овие синдикални организации членуваат 90 отсто од вработените во МЖ Транспорт.

Вчера, исто така, прекин на работните обврски најавија и членовите на Независниот машински и извршен персонал.

Тие побараа до четврток да биде исплатена платата и материјалните трошоци за октомври, доколку не се исполни барањето од петок наутро нема да ги извршуваат работните обврски.

Претседателот на Независниот синдикат и извршен персонал Душко Чакаровски вчера за МИА изјави дека тие бараат да се деблокира сметката која според нивни информации е блокирана од 2-ри месецов поради долг од 60 милиони денари за неплатена сметка за електрична енергија кон фирма од Бугарија.

– Сметката на нашата фирма е блокирана од 2 ноември од бугарска човек фирма со име РИСИВАР за неплатена електрична енергија во висина од 60 милиони денари и тоа во време кога фирмата работеше најпрофитабилно (имаше превоз на емигранти каде отидоа тие огромни средства) од 2016 година и не можеме да функционираме.  Бараме од повисоките структури во државата благовремено да интервенираат и да го решат овој проблем за да функционира железницата, а со тоа и стопанството во државата, изјави Чакаровски.

Тој се надева дека ресорното Министерство за транспорт и врски и Владата ќе го решат проблемот и нема да дојде до прекин на транспортот на суровини за стопанството и ќе можат да сообраќаат и меѓународните транзитни возови.