Синдикатот кој претставува десетици илјади луѓе во јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти денеска дека работниците првпат ќе стапат во штрајк.
Портпаролот на Синдикатот наведе дека штрајкот е закажан на 7 јуни, а работниците тој ден ќе користат одмор за да штрајкуваат. Штрајкот се организира поради „запоставувањето на работниците од страна на компанијата“.
Штрајкот може да ги наруши клучните глобални синџири за снабдување со полупроводници.
Јужнокорејската компанија е еден од најголемите светски производители на паметни телефони и фирма што глобално ниво произведува мемориски чипови од висока класа што се користат за генеративна вештачка интелигенција.
Менаџментот на „Самсунг Електроникс“ и работниците во јануари годинава не успеаја да ги надминат разликите во ставовите поради што преговорите межу нив не успеаја.