Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром реагираат на објавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека во последниот квартал стапката на невработеност кај младите е намалена за 35 проценти. Посочуваат и дека неколку млади од СДСМ се вработени во МЕПСО.
-Сите млади ги вработија.
Ивана Цветковска – Претседател на Совет во Аеродром од СДС и нејзината сестра – во МЕПСО
Аида Хоџиќ – член на совет во Аеродром од СДС – во МЕПСО
Дејанчо Тенев – член на совет во Аеродром од СДС – во МЕПСО
Маја Миловановиќ Михајловиќ – член на совет во Аеродром од СДС – во МЕПСО
Дарко Аврамовски – член на совет во Аеродром од СДС – во МЕПСО
#НаПравПат, пишуваат од ОК Аеродром ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страница.