Банкарство 27.12.2018 19:10

Враќање на биткоинтот: Вредноста ќе достигне 14.800 долари?

Враќање на биткоинтот: Вредноста ќе достигне 14.800 долари?

Томас Ли, аналитичар на пазарот, никогаш не го крие својот ентузијазам за криптовалутите. Сега тој повторно даде изјава што може да ги мотивира многумина.

Имено, тој сè уште тврди дека биткоинот е вреден и дека неговата вистинска вредност е поголема од сегашната. Овој искусен пазарен аналитичар тврди дека цената на водечката криптовалута – биткоин, треба да изнесува помеѓу 13.800 и 14.800 долари.

Тој го базираше своето тврдење по неколку основи. Во прилог на тоа, тој вели дека биткоин паричникот сè уште не е преоптоварен. И понатаму тој смета дека повеќе регулатори ќе го одобрат биткоинот, што ќе влијае на зголемување на цената.

Ли е познат на крипто-јавноста по претходна изјава дека цената на биткоинот ќе достигне 150.000 долари. Тој смета дека ова ќе се случи ако бројот на дигитални монети е поголем од 7% од вкупниот број на сметки на Visa.