Цените на акциите на Microsoft никогаш не биле повисоки во 32-годишната историја на компанијата, пишува CNN. Компанијата на пазарот сега вреди 760 милијарди долари, со што го помина и конкурентот Google кој вреди 745 милијари. Следен за предизвик е Amazon кој има 30 милијарди поголема пазарна
вредност и го држи второто место.
Акциите на Microsoft пораснаа речиси 1%, односно вкупно 15% од почетокот на годината, со што ја достигнаа и историската вредност.
Успехот на Microsoft се поврзува со одличниот софтверски пакет Office 365, како и со хостингот на Azure. Продажбата и профитот на Microsoft се очекува да пораснат за повеќе од 10% во следните неколкугодини, и заради инвестицијата вредна 26 милијарди долари која ja направи во социјалниот медиум LinkedIn во 2016 година.
Највредна компанија на светот и понатаму останува Apple чија пазарна цена е 920 милијарди долари.