Економија 15.08.2018 11:50

Вредноста на еден биткоин падна

Вредноста на еден биткоин падна

Вредноста на еден биткоин падна во еден момент под 6.000 долари. Во исто време, и другите криптовалути се на драматично низок пат.

Биткоинот во вторникот падна за 4,5 проценти на 5,975.21 долари, а во моментов се тргува за 6,058 долари. Етреумот падна за 7,3 отсто на 263,09 долари, ХРП за 5,2 отсто на 0,26 долари, биткоин кеш за 7,9 отсто на 489,91 долари, стелар за 7,8 отсто на 0,20 долари.

Поточно, целиот криптопазар падна за околу 10 проценти во последните 24 часа.