Актуелно 23.07.2018 15:18

Второ продолжение на лидерската средба во Клубот на пратеници

Второ продолжение на лидерската средба во Клубот на пратеници

По пауза од 15 минути, во Клубот на пратениците продолжија разговорите на лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија.

Ниту на оваа втора пауза никој од учесниците не сакаше да зборува за детали од разговорите, дали има напредок и за што конкретно станало збор.

Единствено лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прашан дали има некаков напредок, неодредено одговори „доколку имаше, ќе ….“

На лидерската средба присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА.

Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две  се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на  лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Власта бара од опозицијата поддршка за претстојниот референдум, додека опозицијата инсистира на усвојување на Законот за финансирање на политичките партии, измени во Законот за Влада според пржинскиот модел и измени во Кривичниот законик поврзан со амнестијата.

И на денешната средба во Клубот на пратениците премиерот Заев е придружуван од вицепрмиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахмети се вицепремиерот Бујар Османи, додека Касами е придружуван од Аријанит Хоџа.