Економија 27.11.2019 15:15

Вучиќ: Македонија има скапа струја, Србите со повисоки плати плаќаат поевтина струја

Вучиќ: Македонија има скапа струја, Србите со повисоки плати плаќаат поевтина струја

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ гостуваше во српска емисија „Кирилица“ при што посочи дека Србија има значајно поевтина струја од Македонија.

„Сакаме да се приближиме од Унгарија, Хрватска, тоа ни е целта. И тоа со многу пониски трошоци, немојте да заборавите дека денес цената на нашата струја е убедливо најниска во регионот и Европа, пониска дури и од Северна Македонија, која има значајно пониски плати од Србија“, истакна Вучиќ.

По изјавата на Вучиќ во емисијата, исплива на површина уште една од низа на лагите на Заев. Лагата која што пред неколку дена Заев ја наведе дека Македонија има најниска цена на струјата во Европа.