Актуелно 08.09.2018 09:54

Вулин тврди дека посетата на Вучиќ на Косово е дипломатска победа на Србија

Вулин тврди дека посетата на Вучиќ на Косово е дипломатска победа на Србија

Министерот за одбрана на Србија, Алексадар Вулин изјави денеска дека посетата на српскиот претседател на Косово е „голема дипломатска победа на Србија“. Во изјава за РТС, Вулин оцени дека посетата на Александар Вучиќ на српските средини во Косово е показател дека Србија е рамноправен фактор во меѓународните односи.

– Таа посета е меѓународна победа на Александар Вучиќ. Покажува дека работите во меѓународната заедница се промениле за Србија, изјави тој.

Вулин додаде дека ситуацијата е „многу сложена“, но надлежните служби на Србија „будно следат случувања на теренот и ќе направат се да не се случи какво било загрозување на безбедноста на Вучиќ“ додека е на Косово.